Достапни линкови

Лошата економска ситуација ги уплаши граѓаните и тие што имаат почнаа да штедат. Но, повеќето не ни помислуваат на такво нешто неможејќи да врзат крај со крај.

Светската криза, падот на берзата, промената на вредноста на валутите... Колку последните случувања на економски план го вклучија алармот кај граѓаните да остават некој денар настрана за црни денови? Оние граѓани што ги анкетиравеме велат дека месечните трошоци се преголеми и
Не можеме да тргаме. Со 12 илјади денари пензија каде ќе тргаш на страна, нема доволно пари, да се има ќе се штеди, ама нема, не стигнува. Цел живот со сметките се бориме.

поради тоа немаат можност да заштедат пари.

„Не можеме да тргаме. Со 12 илјади денари пензија каде ќе тргаш на страна, нема доволно пари, да се има ќе се штеди, ама нема, не стигнува. Цел живот со сметките се бориме.“

„Тие што заштедуваат имаат поголеми плати или пензии, а тие што имаат многу мали примања нема да можат да заштедат бидејќи едвај излегуваат на крај, а пак тие што ептен миминални примања имаат од по шест-седум илјади денари, тие се за жалање, што ќе штеди.“

„Економијата ни е катастрофа, од каде ќе штедиш кога немаш.“

Сепак, првиот човек на Стопанска банка, Глигор Бишев вели дека македонските граѓани се поштедливи во однос на оние од земјите од регионот.

Македонците поштедливи споредено со земјите од регионот

„Меѓународните случувања и финансиската криза пред се влијаеа на тоа во каков облик на имот тие ќе штедат, и од случувањата на кризата сите штедачи имаат аверзија кон штедење во акции или купување на некретнини, и претежно се насочуваат кон традицонално штедење, а тоа се депозитите кај банките.“

Во изминативе години цената на златото оди само нагоре. Во моментов една унца злато чини 1.880 долари или двојно повеќе отколку пред две години. Златарот Никола Петров вели дека граѓаните не се заинтересирани да купуваат злато, туку да продаваат.

„Се споија две лоши работи, енормниот раст на цената на златото и лошата економска состојба, луѓето немаат средства за да одвојат од своите приходи за да одвојат за купување на злато, така што можеме да кажеме дека повеќе се продава, се нуди на пазарот злато, отколку што се купува.“

Според последните податоци на Народната банка, златото учествува со околу 221 милион евра или поточно со речиси 12 проценти во вкупните девизни резерви на земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG