Достапни линкови

Сиријскиот лидер Асад се заканува и најавува реформи


Сиријскиот претседател Башар Ал Асад изјави дека бунтот против неговиот режим станува се помилитантен, но оцени дека ќе биде задушен. Во интервју за државната телевизија, Асад предупреди дека ќе се спротистави на каква било воена акција против неговата земја. Тој изрази надеж дека во февруари ќе бидат одржани парламентарни избори, откако претходно ќе бидат спроведени серија политички реформи, според кои, на изборите ќе можат да учествуваат и други политички субјекти, освен Баат Партијата.
XS
SM
MD
LG