Достапни линкови

Падот на Гадафи


По 6-месечениот конфликт, бунтовниците кои се борат да стават крај на владеењето на Моамер ел Гадафи во Либија, го контролираат поголемиот дел од главниот град Триполи. Американскиот претседател, Барак Обама, најави подршка за Либија и нејзината транзиција кон демократија.

Светските лидери побараа од либискиот лидер Моамер Гадафи да се откаже од власта откако бунтовниците ја презедоа контролата врз поголемиот дел од главниот град Триполи.

Британскиот премиер Дејвид Камерун денеска изјави дека режимот на Гадафи се распаѓа и побара од него безусловно да се откаже од борбите. НАТО претходно повика на мирна транзиција на власта. Меѓународниот кривичен суд побара трансфер на синот на Гадафи, Саиф ал Ислам поради обвиненијата за злосторства против човештвото.

Бунтовниците веќе 6 месеци се борат за да стават крај на 42 годишното владеење на Гадафи.

Тие соопштија дека во мали делови во градот лојалистите на Гадафи давале отпор, додека жестоки борби се воделе во близина на неговата резиденција во централен Триполи.

Се поголем број луѓе ноќта излегуваа на улиците на Триполи да прославуваат.



Гадафи, пак, во аудио пораката што синоќа беше емитувана на државната телевизија ги повика жителите на Триполи да излезат и да се справат со бунтовниците и да покажат дека во Триполи нема место за, како што ги нарече, агентите на колонијализмот.

Подршка за демократизација

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека иднината на Либија сега е во рацете на народот и дека САД ќе ја подржат државата во нејзината транзиција кон демократијата.
Сега е време да се креира нова Либија - држава базирана врз слобода и демократија.

Соработка на либискиот народ му понуди и НАТО. Генералниот секретар Андерс Фог Расмунсен изјави дека НАТО е спремен да работи со Либија и со Транзицискиот Совет.

„Сега е време да се креира нова Либија – држава базирана на слобода, а не страв. Држава врз база на демократија, а не диктаторство.“


Портпаролот на либиската влада Муса Ибараим вчера изјави

„НАТО ги интензивираше нападите во и околу Триполи давајќи им директна подршка на бунтовниците за да напредуваат во мирољубивиот главен град на оваа голема нација и бројот на жртвите е огромен.“

Според Ал Џезаира, во куќен притвор бил ставен и Мохамед, вториот син на Моамер ел Гадафи.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG