Достапни линкови

Папата ја заврши посетата на Шпанија


Поглаварот на Римо католичката црква папата Бенедик 16 ти вчера ја заврши посетата на Шпанија каде престојуваше во изминатите четири дена. Папата синоќа на мисата одржана во воздушната база кај Мадрид на крајот на манифестацијата на Светскиот ден на младите пред околу милион и половина верници од целиот свет ги повика младите католици да ја шират својата вера. По бдеењето што беше на кратко прекинато поради силната бура толпа верници го дочека папата да ја слушнат неговата миса.
XS
SM
MD
LG