Достапни линкови

Бунтовниците освоиле воена база во близина на Триполи


Во и околу Триполи се водат жестоки битки, јавуваат светските новински агенции. Според последните информации бунтовниците го пробиваат патот до главниот град на Либија и заземале важна воена база во близина на Триполи. Стотици бунтовници влегле во базата која се наоѓа на 27 километри од Триполи. Претходно потпаролот на бунтовниците соопшти дека дел од нив влегле во Триполи преку Мисрата и ја почнале операцијата за освојување на градот и изолирање на либискиот лидер Гадафи.
XS
SM
MD
LG