Достапни линкови

Меркел: Заедничка еврообврзница нема да ја реши должничката криза


Германската канцеларка Ангела Меркел инсистира на тоа дека воведувањето на заеднички државни обврзници во еврозоната нема да ја реши сегашната должничка криза. Меркел во интервју за германска телевизија изјави дека ништо не укажува на рецесија во Германија. Дел од германската опозиција смета дека евробрзницата е, логично можно решение за должничката криза која ја наметнаа проблематичните земји со позајмувањето. Меркел додаде дека решавањето на сегашната криза нема да биде возможно со Еврообврзница.
XS
SM
MD
LG