Достапни линкови

Вториот човек на Гадафи побегна во Италија


Италијанскиот министер за одбрана Игназио Ла Руса потврди денеска дека вториот човек на либискиот режим Абдул Салам Џалуд, откако го напуштил Триполи дошол во Италија, но не навел каде точно се наоѓа.
Либиските бунтовници во петокот соопштија дека Џалуд преминал на нивната страна откако го напуштил режимот на Моамер Гадафи. Според италијанските медиуми, Џалуд со семејството од Триполи заминал за Тунис од каде со авион синоќа пристигнал во Италија.
Џалуд е еден од најважните сорботници на Гадафи, кој во 1969- тата учествувал во државниот удар со кој подоцан Гадафи дошол на власт.Либиските власти во обид да го намалат значењето на заминувањето на Џалуд соопштија дека тој веќе подолго време не се занимавал со политика и дека поради здравствени причини често патува во странство.
XS
SM
MD
LG