Достапни линкови

logo-print

Саркози ќе се сретне со Џинтао


Францускиот претседател Никола Саркози ќе се сретне со неговиот кинески колега Ху Џинтао в четврток во Пекинг. На средбата предвидено е двајцата претседатели да разговараат за неодамнешните турбуленции на глобалните финасиски пазари и за француско- германскиот предлог за оданочување на финасиските трансакции, јавува новинската агенција Ројтерс. Се очекува да зборуваат и за француската Г-20 агенда пред состанокот на министрите од Г- 20 на маргините на годишните собири на Меѓународниот Монетарен фонд и Светската банка кои треба да се одржат во Вашингтон во септември, како и за самитот на министрите за финасии од земјите членки на Г-7 во Марсеј, Франција на почетокот на месецот. Саркози бара поддршка од Кина за целите од агендата за состанокот на Г 20, чии домаќин е Франција со цел да се намали економската нерамнотежа.
XS
SM
MD
LG