Достапни линкови

Кој победува во битките во Триполи?


Либиските бунтовници тврдат дека преземале делови од Триполи, додека пак владини извори тврдат дека безбедносните сили на Моамер Гадафи се уште ја имаат власта врз главниот град. Информациите од светските новински агенции не се потврдени од независни извори, но претставници на НАТО предупредија дека динамичните воени линии на теренот им ја отежнуваат работата, затоа што не можат точно да ги идентификуваат целите за воздушни напади. Доколку се зацврсти присуството на бунтовниците во Триполи, тоа ќе значи пресврт во неколку месечниот конфликт меѓу воените сили на Гадафи и бунтовниците поддржани од НАТО силите.
XS
SM
MD
LG