Достапни линкови

Ал Каеда со нови закани за терористички напади


Ал Каеда се закани дека ќе изведе 100 напади во Ирак во знак на одмазда за убиството на лидерот Осама Бин Ладен. Во соопштението на тероростичката организација кое е објавено на нивната интернет страница е наведно дека нападите ќе стартуваат на средината од светиот муслимански месец Рамазан. Во понеделникот загинаа над 70 луѓе при експлозии на бомби во градот Мосул и неколку други градови во јужниот дел на Ирак. Во соопштението не е наведено дали Ал Каеда ја презема одговорноста за тие напади.
XS
SM
MD
LG