Достапни линкови

Салиу:Пожарите се подметнати


Големите пожари во атарот на битолското село Ротино и Националниот парк „Пелистер“, како и во кичевското село Зајас и тетовско Теарце се локализирани. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу . Тој додаде дека во утринската акција биле вклучени околу 600 луѓе , припадници на АРМ, пожарникари и вработени во локални институции. Опожарени се околу 400 хектари на потпелистерието и националниот парк „Пелистер“ при што изгорела борова шума и млада молика.
Салиу изјави дека овие пожари се подметнати од луѓе кои можеби и припаѓаат на т.н. „шумска мафија“ или можеби некои „пиромани“, за што се води истрага.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески изјави дека надгледувањето на теренот ќе продолжи и во текот на денот за што се ангажирани дежурни екипи и најави засилена контрола на зоните кои се од надлежност на локалната самоуправа
XS
SM
MD
LG