Достапни линкови

Во пожар целосно изгоре куќата на Николоски


Нада и Трајче Николоски

Нада и Трајче Николоски

Семејството Николоски остана без покрив над главата, откако во пожар целосно им изгоре куќата.

Нада и Трајче Николоски маки мачат да обезбедат повторно покрив над главите, откако во пожар целосно им изгоре куќата во прилепското село Мало Рувци каде што се преселиле по пензионирањето повеќе од 10 години. За половина час велат огнената стихија која од атарот на селото се проширила врз другите објекти, ја зафатила нивната куќа и пред очите во пепел се претворил целиот нивен труд, целата мака и печалба во
Цела куќа, цела покуќнина, се изгорело, се испустено е, жито ни изгоре, тутун ни изгоре и сега штетите не можам да кажам, огромна штета е сето ова.

50-ината години заедничи семеен живот. Од спокојниот и пристојно уреден дом, останале само пеплосани ѕидишта, урнатини, чад и спомени.

„Ме зеле пожарникарите ме туркаат вели „истај се“. Море гледам јас, детето ми дојде, онде во чадот се пика, да видам а, моето завршено е, што и да кажуваме исто е, во едната рака стапот, во другата и ништо“, низ солзи зборува 76-годишната Нада.

Со скромната пензија со нејзиниот сопруг тие и овде ја одржувале економијата во куќата, а им помагале и на синот и снаата во Прилеп, за да ги одгледуваат двете внучиња. Во Мало Рувци саделе тутун, произведувале жито, градинарски култури.


„Куќата се запали, реков бегај и ништо не можевме да извадиме одвнатре и страв, јас и толку можев да одам.“

„Цела куќа, цела покуќнина, се изгорело, се испустено е, жито ни изгоре, тутун ни изгоре и сега штетите не можам да кажам, огромна штета е сето ова“, велат Нада и Трајче.

Тие есапат дека над 10.000 евра им однела огнената стихија за миг. Им останаа во дворот уште кочината со неколку свињи и скелињата за тутун. Но, тие упорно остануваат во Мало Рувци да ја чуваат сермијата, она што им останало.
Ништо што ќе правиме, ќе си седиме овде под сенка, ако даваат некој, ако можеме да добиеме некоја помош, добро, ако не, како е Господ не е никој. Што да правиме друго?!

РСЕ: Сега што ќе правите натаму?

„Ништо што ќе правиме, ќе си седиме овде под сенка, ако даваат некој, ако можеме да добиеме некоја помош, добро, ако не, како е Господ не е никој. Што да правиме друго?!“, вели во безизлез Трајче.

Тие сега спијат под отворено небо, а ако заврне се засолнуваат во стариот автомобил „рено4“ кој рѓосува во дворот. Велат сонот им пропаднал, сега не ќе можат да им помагаат на внуците, со парите од тутунот на есен да им купат нови книги. Тие стравуваат и за својата, но многу повеќе за егзистенцијата на најсаканите. Затоа велат до последниот момент велат ќе се мачат и ќе им помагаат на саканите, ќе бараат начини и пак ќе ја продолжат борбата со животот. Нема да и се предадат на несреќата што ги снајде.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG