Достапни линкови

Асад ќе зборува јавно за иднината на Сирија


Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ќе има телевизиско обраќање кон нацијата. Неговиот говор доаѓа по три дена откако САД и ЕУ побараа од него да се повлече од власта.Државната новинска агенција јави дека Асад ќе зборува за „иднината на земјата“ и владини реформи.
Во меѓувреме делегација од Обединати Нации пристигна во Дамаск, за да ја процени хуманитерната ситуација по бруталното владино задушување на протетестите кои според активистите за човекови права, оставија над 2 илјади жртви.
Денешниот говор на Асад ќе биде негово четврто појавување во јавноста по мартовскиот старт на антивладините демострации.
XS
SM
MD
LG