Достапни линкови

Националниот парк Пелистер синоќа во пламен


Kazakhstan - Fire in Aktobe region. 03Jul2010.

Kazakhstan - Fire in Aktobe region. 03Jul2010.

Огнот на Пелистер кој вчера избувна кај битолското село Ротино зафати 500 хектари од Националниот парк од кои 200 со моликова шума. Теренот зафатен со пожарот е доста стрмен, одвај прооден што ја отежнува акцијата за негово гаснење велат од дирекцијата за заштита и спасување додавајќи дека од рано наутро околу 600 луѓе ќе продолжат со гаснењето на пожарот.
Еден армиски хеликоптер, два противпожарни авиони и локалните јавни претпријатија се вклучени во гаснењето на пожарот што го зафати Националниот парк Пелистер.
Битолскиот градоначалникот Владимир Талевски вчера изјави дека е очигледно дека овие пожарите се подметнати и дека се работи на откривање на сторителите.
XS
SM
MD
LG