Достапни линкови

Престрелки и експлозии во Триполи


Престрелки и експлозии го тресеа синоќа главниот град на Либија Триполи јавува новинската агенција Ројтерс.Жителите велат дека се воделе битки во неколку населби во градот и дека противниците на лидерот Моамер Гадафи биле на улиците. Владиниот кабинет соопшти дека синоќа неколкумина бунтовници успеале да влезат во градот, но војската се справила со нив и градот е сега безбеден. На државната телевизија била емитувана и видео снимка во која лидерот Гадафи им честитал на Либијците за, како што вели, „ елиминирање на стаорците “ . Бунтовниците, од друга страна пак му порачаа на Гадафи дека крајот на власта се ближи.
XS
SM
MD
LG