Достапни линкови

Контроверзи информации за случувањата во Либија


Либиски бунтовници во градот Завијах

Либиски бунтовници во градот Завијах

Либиските бунтовници тврдат дека ги зазамале сите стратегиски нафтени центри во источниот дел на земјата односно во градот Брега. Еден ден претходно, бунтовниците соопштија дека во напредокот што го постигнале кон градот Триполи, успеале да го заземат и градовите Завијах и Злитан.

Либиската Влада ги негираше овие твдења, и соопшти дека предноста во двата клучни града ја имаат безбедносните сили.
Контроверзни информации од неколку медиуми се објавени и за близок соработник на лидерот Моамер Гадафи, Абдул Салам Џалуд koj во 1970 – тите беше шеф на либиската влада и втор човек на режимот. Според дел од светските новински агенции тој избегал од Триполи и им се придружил на бунтовниците во Бенгази , додека според туниската државна новинска агенција ТАР Џалуд преминал во Тунис и од таму со своето семејство летнал за Италија.
Истата агенција тврди дека либискиот министер за нафта Омран Абукраа не се вртил во Либија по завршената мисија во Италија , туку останал во Тунис.
XS
SM
MD
LG