Достапни линкови

Дипломатските односи меѓу Египет и Израел се заоструваат


Израелски гранични полицајци

Израелски гранични полицајци

Израелските власти соопштија дека денеска на владина седница ќе разговараат за одлуката на Египет да го повлече својот амбасадор од Израел и што тоа со себе повлекува. Египетските медиуми синоќа објавија дека владата во Каиро ќе го отповика својот амбасадор во знак на протест по загинувањето на 5 египетски полицајци во близина на границата со Израел. Во денешното соопштение на египетскиот владин кабинет е наведено дека Израел е политички и правно одговорна за смртта на египетските полицајци и дека владата го смета овој инцидент за прекршување на мировниот договор меѓу двете земји од 1979-тата година. Во продолжение на соопштението се вели дека оваа одлука ќе биде повлечена кога Египет ќе ги добие резултатите од израелската истрага за инцидентот и ќе прими извинување.На оваа одлука им претходеа и протести пред израелската амбасада во Каиро во кои учетвуваа стотици демонстранти
XS
SM
MD
LG