Достапни линкови

Јавниот долг на Албанија изнесува 5,36 милијарди евра


Јавниот долг на Албнија , заклучно со првото полугодие од годинава, достигнал 5,36 милијарди евра, што е за 256 милиони повеќе од лани. Директорот задолжен за менаџирање на јавниот долг при Минитертвото за финансии, Џентил Демирај изјави дека иако долгот е на високо ниво, сепак тој не претставува ризик .Демирај додаде дека долгот ќе биде задржан на ниво до 60 отсто од БДП, имајќи го во превид планираниот економски раст од пет отсто во наредните три години и буџетскиот дефицит од три отсто.Тој ја смета за нереално барање, препораката на Меѓународниот монетарен фонд, долгот да се намали на 50 отсто.
XS
SM
MD
LG