Достапни линкови

Крвав „Пиво Фест“ во Белград, 10-тина избодени со нож


Serbia - Belgrade Beer Fest, undated

Serbia - Belgrade Beer Fest, undated

Непознат сторител избодел со нож најмалку 10 посетители на синоќешниот фестивал „Пиво Фест“ во Белград, соопшти српското министерство за внатрешни работи. Полицијата соопшти дека тројца се тешко повредени а седуммина поминале со полесни повреди. Новинската агенција Бета јавува дека станува збор за над 18 повредени луѓе, и дека ток број не е конечен. Сторителот и причините за нападот се непознати за полицијата, јави Бета.
XS
SM
MD
LG