Достапни линкови

Севернокорејскиот лидер во посета на Русија


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил пристигна во Русија каде ќе се сретне со претседателот Дмитри Медведев, соопшти Кремљ. Претходно Медведев испрати порака до лидерот на Северна Кореа во која повика на поголема енергетска соработка меѓу Русија и двете Кореи. Ким Јонг последен пат ја посетил Русија во 2002 година. Денешната посета е во услови кога Северна Кореја се соочува со недостаток на храна и блокирани обиди за продолжување на шестпартитните преговори во кои учествува и Русија, а се однесуваат на нуклеарно разоружување на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG