Достапни линкови

logo-print

Средба на министрите за економија на Македонија и на Косово


Домашните компании треба да најдат начин како да се позиционираат на косовскиот пазар за нивните производи да бидат поконкурентни, оцени министерот за економија Ваљон Сарачини по средбата во Скопје со неговиот косовски колега Бесим Бечај.
- Како земји веќе неколку години наназад негуваме добри и пријателски економски и политички односи со тенденција да бидат продлабочени и збогатени со зеднички проекти и активности. Се почестите средби на бизнисмените од двете земји, каква што е денешната иницирана од Стопанската комора на Северозападна Македонија, како и соработката меѓу институциите ни дава за право да очекуваме позитивни ефекти и во иднина, рече министерот Сарачини.
Косовскиот министер за економски развој рече дека мерките за реципроцитет што ги воспостави косовската Влада не се на штета на никој и оти нивната цел е да се воспостави владеење на првото и контрола на целата теритрија.
- Србија со воведувањето на одлуката за реципроцитет губи 500 милиони евра. Одлуката не е донесена избрзано, туку кога се виде дека нема веќе никакви други механизими за заштита на пазарот. Таа се темели на многу анализи и е резултат на консултации со меѓународниот фактор и партнерите од опкружувањето, рече Бечај.
На денешната средба станало збор и за соработката во делот на енергетиката, за зајакнувањето на конкурентноста не двете економии, за заедничките проекти кои се во тек и за новите што ќе следат во иднина.
XS
SM
MD
LG