Достапни линкови

Турција ќе отвори амбасада во Сомалија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Сомалија, изјави дека Турција ќе отвори амбасада во таа земја. Ердоган во Могадишо изјави и дека Турција планира да изгради пат од аеродромот до градот, како и училишта и домови, а ќе помогне и во снабдувањето со вода. Посетата на Ердоган на Сомалија е со цел да се сврти вниманието на светот кон големите проблеми во таа земја, пред се гладот и сиромаштијата.
XS
SM
MD
LG