Достапни линкови

Нови турски напади врз курдски позиции во северен Ирак


Iraq -- a Kurdish PJAK (Free Life Party of Kurdistan) rebel inspects alleged Iranian artillery crater near Qandil on 13apr2008

Iraq -- a Kurdish PJAK (Free Life Party of Kurdistan) rebel inspects alleged Iranian artillery crater near Qandil on 13apr2008

Турски воени авиони денеска повторно бомбардираа, трет ден по ред, бази на Курдската работничка партија во северен Ирак.
Претпладнево продолжија нападите врз Кандил, изјави портпаролот на бунтовниците.
Претходно Генералштабот на турската армија на својата Интернет страница објави дека турски борбени авиони вчера извршиле напад врз 28 цели на Курдската работничка партија во северен Ирак.
Операцијата, која започна откако Турција донесе одлука да ја интензивира борбата против групата поради серијата нејзини напади во јуни, во кои загинаа околу 40 турски војници е извршена во регионите на Кандил, Хакурк, Авасин Басиан и Зап.
Сепаратистите ги користат планинските области на границата со Ирак како прибежиште по извршените напади во југоисточниот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG