Достапни линкови

logo-print

Агелер - Бесими направи значаен чекор за меѓуетничките односи


Фатмир Бесими

Фатмир Бесими

Заменик-амбасадорот на САД Брајан Агелер денеска изјави дека Фатмир Бесими како нов министер за одбрана со оддавањето почит на загинатите бранители од 2001 година, направил значаен чекор во подобрувањето на меѓуетничките односи и покажал почит кон жртвите. Тој ова го изјави на свеченоста по повод примопредавањето на новиот систем за логистичка информатичка поддршка што од денеска функционира во Министерството за одбрана. Проектот е финансиран од Владата на САД која преку Фондот за странски финансирања за неговата примена на Македонија и додели 5,8 милиони долари. Проектирањето и подготовките за новиот логистички информатички систем и за глобалниот комуникациски информатички систем траеја три години, а имплементацијата една година.
XS
SM
MD
LG