Достапни линкови

logo-print

Квантитет наместо квалитет?


Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Колку Универзитетот и бројните приватни факултети во Македонија продуцираат квалитетен кадар или повеќе битен им е квантитетот?

Дали приватните и државните универзитети ја следат побарувачката на пазарот на трудот, е прашање кое често се поставува кај нас со оглед на големиот број кадри кои по завршувањето на образованието немаат работа како и поради големиот интерес само за одредени факултети, како економски, правен и медицински на сметка на други факултети. Универзитетските професори укажуваат дека никаде во светот пракса не
Клучниот проблем е што нашето стопанство не прави вистински развој, Универзитетот му е пред се потребен за насочување на идното производство, развојот на новите технологии.

е Универзитетите да бидат насочени кон потребите на пазарот на трудот, туку да креираат кадри за идните пазари, што значи кадри кои се запознаени со најновите техниологии и знаења. Ако обезбедувате кадар за тековните потреби на пазарот и ако тој на пример е заостанат, не сте напрвиле ништо, вели професор, Ненад Новковски.

„Клучниот проблем е што нашето стопанство не прави вистински развој, Универзитетот му е пред се потребен за насочување на идното производство, развојот на новите технологии и затоа Универзитетот треба да обезбеди едновремено и ќе може да прави развој и кој што ќе може да се вклучи во современиот начин на производство. Клучниот проблем е тоа што државата не може да се развие без следење на најсовремените текови.“

Дарко Велков од Берзата за вработување на оваа тема, пак, зборува од аспект на состојбите на пазарот со факултетите. Кај нас за разлика од порано, од пред неколку години имаме пазар каде има и повеќе приватни факултети. Фирмите веќе имаат одлично чуство да препознаат добар кандидат и од кој факултет доаѓа, вели Велков:

„Повеќето од фирмите не им пречи, но одредени поголеми фирми им пречи. Можам да кажам дека имавме случаи каде истите тие вадеа огласи во кој што нагласуваа дека не сакаат од тој и тој факултет.“
Повеќето од фирмите не им пречи, но одредени поголеми фирми им пречи. Можам да кажам дека имавме случаи каде истите тие вадеа огласи во кој што нагласуваа дека не сакаат од тој и тој факултет.

Ова, според зборовите на Велков, се случува само заради тоа што претходно како што вели некои од факултетите гледале повеќе да направат бројки наместо квалитетен кадар. За разлика од порано сега е подобри и скоро сите имаат стабилни професорски кадри, оценува Велков, сметајќи дека сега веќе е време на стабилзирање на пазарот со факултети.

Актуелно кај нас во овој период беше отпуштања од работа. Меѓу нив имаше повеќе новинари од неколку медиумски куќи. Нашите соговорници велат дека нема зошто некои од факултетите кои едуицираат новинарски кадар да регираат на ова зошто синдикатот и здружнијата на новинари се тие кои се компетентни за синдикални прашања или дека некои од овие случувања имаа и политички апсект.

Од гледна точка на факултетите може да се зборува само за тоа дека ако има вишок на кадар се прави селекција на тие што се најстручни, а други се насочуваат на друга страна. Друг е проблемот што кај нас намето дипломата, квалитетот и стручноста при врботувањето клучен е за жал и друг критериум, како на пример партиската определеност, забележуваат нашите соговорници.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG