Достапни линкови

Власта крие информации


Власта крие информации од јавноста кои би можеле да и наштетат на рејтингот, велат експертите. Последен пример, писмото од Хилари Клинтон.

Власта ја продожува праксата на криење или извртувањето на некои соопштенија, писма или изјави кои не и се по ќеф, велат експертите. Последен пример е писмото кое американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, го испратила до новиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Зошто не беше објавено не успеавме да добиеме одговор. Во него, Клинтон, освен што на Поповски му посакува добра соработка, укажува и на загриженоста на Вашингтон околу актуелните состојби во
Тоа можеби е во согласност со принципите на односи со јавноста, но исто така во една понормална терминологија, значи манипулација со јавноста и нормално е во таа смисла за секоја осуда.
земјава.

Претходно премиерот Никола Груевски по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека разговарале за спорот со името, а ги изостави критиките за важноста на владеењето на правото и слободата на медиумите.

Истите критики имаше обид да бидат сокриени и по средбата на Груевски со американскиот помошник државен секретар Филип Рикер, бидејќи во владиното соопштение пишуваше дека се разговарало само за политичките односи помеѓу Македонија и САД.

Власта не го објави писмото од државниот секретар Хилари Клинтон во кое Вашингтон укажува на загриженоста за состојбите во државата

Професор Здравко Савески вели дека власта ги користи односите со јавност за манипулација. Некои очигледни вистини власта пробува да ги занемари или пак да ги спинува информациите во нејзина корист, односно некоја лоша порака да ја направи позитивна.

„Тоа можеби е во согласност со принципите на односи со јавноста, но исто така во една понормална терминологија, значи манипулација со јавноста и нормално е во таа смисла за секоја осуда.“

Политичкиот аналитичар Љуљзим Хазири вели дека на власта таквото однесување и станува пракса.
Во таквото сфаќање на политичкиот маркетинг и односи со јавноста, основната цел, да речеме дури и единствената цел е рејтингот, се што мислите дека ќе наштети на рејтингот дури и да е факт, вие ќе се обидувате да го спинувате.

„Мислам дека ова е манипулација со јавноста, неодговорност кон самите граѓаните преку која се креира една имагинарна реалност покрепена со еден општо познат позитивен и пропаганден вокабулар.“

Според Савески, причината за криењето на некои информации е поради стравот на власта да не и се наруши рејтингот.

„Во таквото сфаќање на политичкиот маркетинг и односи со јавноста, основната цел, да речеме дури и единствената цел е рејтингот, се што мислите дека ќе наштети на рејтингот дури и да е факт, вие ќе се обидувате да го спинувате.“

Хазири смета дека со таквиот модел на пропаганда тешко се води битка.

„Имајќи го во предвид медиумското опкружување во Македонија кое се повеќе се стеснува и се контролира.“
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG