Достапни линкови

Како владата ќе ги исполни новите барања од „Санино листата“ од ЕУ, кога останаа неисполнети и некои стари критериуми.

Покрај веќе познатите критериуми кои Македонија треба да ги спроведе за да ги почне преговорите за полноправно членство во Европската унија, земјава добила список со нови услови кои треба да ги реализира за краток
Очекувам зголемување на ефикасноста и на системот на влезот во административните процеси што мислам дека е многу
значаен.
временски период. До 5 септември листата која вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи рече дека е кратка, треба да биде реализирана. Арифи не ги откри деталите од листата, посочи дека се работи за кратка листа барања и дека дел од нив се однесуваат на промени во функционирањето на јавната администрација, односно се бара да функционира системот на унапредувања според постигнатото.

„Очекувам зголемување на ефикасноста и на системот на влезот во административните процеси што мислам дека е многу значаен“, изјави кратко Арифи.

Нови задачи за македонската влада

Новата листа критериуми која Арифи ја спомена, за професорот Алајдин Демири е своевиден притисок на коалицискиот партнер ДУИ до Владата да се забрза евроинтеграцискиот процес на земјава.

„Оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ е дефинитивно изолационистичка и дефинитивнио не вродува плод.“

За разлика од него, пак, професорот Димитар Мирчев е убеден дека листата која ја доставил првиот човек на директоратот за проширување
Оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ е дефинитивно изолационистичка и дефинитивнио не вродува плод.
на Европската унија, Стефано Санино, не содржи нови критериуми, туку најверојатно се работи за прецизирање на старите.

„Не верувам дека се работи за нови, непознати критериуми затоа што за било каков таков критериум би требало доста подолго време додека Арифи изјави дека до 5 септмеври ќе бидат имплементирани тие барања, што значи дека се постари и во тек е имплементацијата.“

Долг е патот до ЕУ.

Но, во јавноста се појавија информации дека слободата на медиумите ќе биде една од клучните забелешки во извештајот. Професор Демири вели дека последните постапки на Владата и затворањето на неколку медиуми во земјава, само не оддалечуваат од Европската унија.

„Се добива впечакот дека постои ликвидација на поинаквото информирање, се добива впечаток дека е инсталирање на уште едно недоумие што во суштина на Западот се толкува како атак врз слободните медиуми“, изјави Демири.
Арифи изјави дека до 5 септмеври ќе бидат имплементирани тие барања, што значи дека се постари и во тек е имплементацијата.

Во минатогодишниот извештај Европската унија упати забелешки во однос на слободата и независноста на медиумите. И покрај забелешките, во изминатиот период престанаа да работат еден електронски и неколку пишани медиуми. Забелешки во однос на слободата на медиумите неколкупати досега упатија и Соединетите Држави.

На 5 септември најавена е и посетата на еврокомесарот Штефан Филе во земјава, кој ќе има билатерални средби со домашните функционери и ќе биде информиран за постигнатиот напредок на земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG