Достапни линкови

Турција бомбардираше цели на курдски милитанти во северен Ирак


Турска патрола во провинцијата Хакари во југоисточна Турција.

Турска патрола во провинцијата Хакари во југоисточна Турција.

Турски борбени авиони вчера извршија напад врз 28 цели на Курдската работничка партија во северен Ирак, објави денеска Генералштабот на турската армија на својата Интернет страница. Операцијата е извршена во регионите на Кандил, Хакурк, Авасин Басиан и Зап.
Станува збор за втор ден на напади врз осомничени цели на ПКК, по серијата напади во јуни, во кои загинаа околу 40 турски војници.
Курдските сепаратисти ги користат планинските области на границата со Ирак како прибежиште по извршените напади во југоисточниот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG