Достапни линкови

logo-print

Се заострува притисокот врз режимот во Сирија


Соединетите Држави и европските сојузници побараа окончување на владеењето на сиријскиот претседателот Башар Ал Асад поради убиствата и страдањето на демонстрантите во Сирија. Координираниот повик од американскиот претседател Барак Обама и од лидерите на Велика Британија, Франција и Германија. Истовремено, Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Нави Пилај изјави дека режимот во Сирија веројатно е одговорен и за злосторства против човештвото и побара Советот за безбедност да го проследи случајот до Меѓународниот кривичен суд. Во Советот за безбедност на Обединетите Нации се расправа и за воведување санкции против Сирија. Сиријскиот режим тврди дека ги запрел сите воени операции против демонстрантите.
XS
SM
MD
LG