Достапни линкови

logo-print

Берзите паѓаат, нафтата поевтинува, златото поскапува. Страв од нова рецесија


Берзите во Азија паѓаат еден ден по остриот пад на американските и европските берзи, поради стравувањата дека САД и европските економии може да западнат во нова рецесија. Јапонскиот индекс Никеи падна за повеќе од два отсто, а пад доживеаја и берзите во Јужна Кореја и во Австралија.

Индексот Дау Џонс во САД вчера се намали за 3,7 отсто, а паднаа индексите на берзите и во Париз, Лондон и во Франкфурт.

Поради стравување од економска криза цената на нафтата се намали за 5 долари на 82,38 долари за барел, а златото достигна нов рекорд од 1.830 долари за унца.

До овие превирања доаѓа откако инвестициската банка Морган Стенли од Вол Стрит предупреди дека САД и еврозоната се „опасно блиску“ до нова рецесија, само две години по завршувањето на последната.
XS
SM
MD
LG