Достапни линкови

Тимошенко во затвор се разболела од „мистериозна“ болест?


Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко, пристигнува во судот во Киев.

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко, пристигнува во судот во Киев.

Украинската опозициска лидерка, Јулија Тимошенко, која е во притвор додека трае судењето за злоупотреба на власта, побара дозвола за медицински преглед поради тоа што има „мистериозни симмптоми“. Судењето е одложено за понеделник за да и се овозможи лекарски третман. Адвокатите на Тимошенко бараат, поранешната премиерка да биде прегледана и испитана од нејзиниот матичен лекар затоа што покажува „загрижувачки симптоми што не може да се објаснат со познатите болести“. Поранешната украинска премиерка рече дека не може да им го довери животот и здравјето на затворските лекари. Судијата не одговори веднаш и рече дека нејзиното барање ќе биде разгледано во согласност со законот.
XS
SM
MD
LG