Достапни линкови

logo-print

Несреќа на рок-фестивал во Белгија, најмалку 3 жртви


Најмалку тројца загинаа, а седуммина се тешко повредени во силно невреме што го зафати рок-фестивалот на отворено Пукелпоп во градот Хаселт северна Белгија. Две бини, дел од покривната конструкција, скелиња за осветлување, како и неколку видео-бимови, поради невремето се урнале врз публиката на фестивалот. На фестивалот присуствувале околу 60 илјади луѓе, очекувајќи ги ѕвездите Фу фајтерс.
XS
SM
MD
LG