Достапни линкови

logo-print

Претставата „Медеја“ на затворањето на Охридско лето


Во сабота, на 20-ти август по традиција, ќе биде спуштена завесата на 51-вото издание на фестивалот Охридско лето.

Затворањето ќе биде на отворената сцена на Античкиот театар, со Охридската премиера на претставата Медеја по Еврипид и Хајнер Милер, во режија на Нада Кокотовиќ, познатата авангардна режисерка од Хрватска, што живее и работи во Германија, во изведба на актерите на Битолскиот народен театар, чести и забележителни гости на фестивалот изминатите децении.

„Она што е специфично за нашава претстава, за нашата Медеја е дека се работи за фрагментарна драматургија, во која нема само една приказна. Во Медеја нема психолошка логика на настаните, нема психолошки
Ова е една претстава која носи свежна во Битолскиот народен театар, но таа е многу различна од сите останати претстави пошироко на целата македонска театарска сцена.
логичен след на она што се случува и на она што ќе се случи, што всушност беше и мој најголем предизвик како актерка. Големиот монолог на мојата Медеја, се прекинува со влезови на други ликови, на хорот, на Јасон, кој во нашата претстава го игра Здравко Стојмиров, тоа се состојби на Медеја, кои се случуваат неочекувано, пресврти актерски кои навистина се голем предизвик за да ги одигра еден актер. Од крајна љубов и нежност, до лутина, преку подготовка за трагедијата. Она што е различно е тоа што со режисерката Кокотовиќ, како голем човек и професионалец, за сите монолози преполни со чувства, во кои нема ниту еден збор кој може да ве остави рамнодушни, за тие тешки разговори и болни теми општо за жената, за нејзиното постоење и место во светот, за сето тоа многу разговаравме и со начинот на нејзината работа, сите уживавме во пробите. Претставата е стилизирана, во смисла, хорот не наликува на оној хор од Еврипид, туку секој лик има своја нишка, своја специфика. Ова е една претстава која носи свежна во Битолскиот народен театар, но таа е многу различна од сите останати претстави пошироко на целата македонска театарска сцена“, вели актерката Јулијана Мирчевска, која го толкува централниот лик на Медеја.

Хрватската режисерка Нада Кокотовиќ

Претставата премиерно се прикажа во затворен простор во Битола, непосредно пред охридската премиера, каде таа се очекува да прозвучи и актуелно, говорејќи за светот во кој живееме, за кого или против кого
треба да се бориме.

Како изминатите 40 денови на според многумина најпрестижната музичко-сценска манифестација кај нас со меѓународно реноме ја оценува нејзин редовен посетител уште од 1976 година.
Оваа година не само што имаше помал број претстави, туку и помалку добри претстави.

„После 51 година ми се чини дека од почеток треба да се учи организација на фестивалот, кој инаку има голема традиција. Некогаш секоја втора вечер имаше квалитетна претстава, дали музичка, дали театарска, сеедно, имаше повеќе претстави низ целиот град, кој беше една голема фестивалска сцена. Оваа година не само што имаше помал број претстави, туку и помалку добри претстави. Во музичкиот дел ми оставија впечаток виолинистот Најџел Кенеди, осумте тенори на 21 век, пијанистот Борис Безеровски, беа фантастични, ама сепак малку можев да изберам од програмата, за еден месец само пет до шест настани. Драмскиот дел беше забележително послаб од минатите години, кога ги гледавме националните театри со спектакуларните премиери.“

Хајнер Милер, германски драматург, писател и режисер

Таа има забелешки и на организацијата на фестивалот.

„Имам забелешки и на односот кон публиката, повеќе од пет децении трае фестивалот, а нема одбележани седишта, не се резервирани седиштата за вип гостите. Не може да дојде посетител да седне, па некој да го стане со изговор дека тоа не е место за него, а тоа нигде не го пишува. Ќе се учиме култура после 51 година на културната манифестација? Не е во ред !“, вели Охридија Димитровска.

Таа секое лето одморот го минува во Охрид со културната понуда на Охридско лето, што годинава донесе 25 музички настани и десет драмски претстави, од кои три премиери со театри од земјава.
XS
SM
MD
LG