Достапни линкови

Иванов се сретна со командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол


Претседателто Ѓорге Иванов

Претседателто Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Охрид се сретна со адмиралот Семјуел Локлир, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов и адмиралот Локлир разговарале за соработката меѓу Македонија и НАТО, истакнувајќи дека односите се на исклучително високо ниво. Двајцата го истакнале придонесот кој Македонија го дава кон стабилноста во регионот и пошироко, во рамки на мировните мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан.
Претседателот Иванов и адмиралот Локлир разговарале и за спорот за името и како тоа влијае врз процесот на македонските евро-атлански интеграции.
XS
SM
MD
LG