Достапни линкови

Во Хаг почна повторениот процес против Харадинај


Рамуш Харадинај

Рамуш Харадинај

Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај е одговорен за злосторства против човештвото и нарушување на законите за војување во 1998 година, се вели во обвинението во новиот процес против Харадинај.
Процесот почна денеска во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија. Тоа ќе биде прв судски процес кој се повторува од трибуналот во Хаг.
„Жртвите биле убивани, измачувани независно од етничкото потекло - Срби или Роми, изјави Пол Роџерс од обвинителството по отворањето на процесот.
На 3 април 2008 година, Харадинај и неговиот помошник Идриз Балај беа ослободени по сите 37 точки од обвинението заради недостиг од докази. Двајцата беа обвинети за злосторства против Срби, Роми и Албанци извршени во околината на Дечани во 1998 година.
Третиот осомничен за тоа дело, помошникот на Харадинај, Лахи Брахимај беше обвинет за измачување на луѓе во селото Јабланица и е осуден на шест години затвор.
Во јуни 2010 година, апелацискиот совет побара повторен процес против Харадинај и неговите помошници за шест точки од обвинението.
XS
SM
MD
LG