Достапни линкови

Британија-уапсен уште еден осомничен за телефонско прислушкување


Британската полиција уапсила уште еден осомничен за учество во скандалот со телефонското преслушкување за потребите на таблоидот „ News of the World“. Полицијата соопшти дека е уапсен еден 38-годишен маж, но одби да каже за кого станува збор. Човекот сам се предал во полициска стнаница во Лондон.
Весникот „ Гардијан“, пишува дека човекот кој сам се предал во полиција е новинарот Џејмс Десборог кој бил дописник за таблоидот од Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека човекот е уапсен под сомнение дека незаконски прислушкувал говорни пораки.
XS
SM
MD
LG