Достапни линкови

logo-print

Белата куќа ќе побара од Асад да замине од власт


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Администрацијата на претседателот Барак Обама денеска отворено ќе го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да замине од власт и за тоа веќе ги известила сојузниците во арапскиот свет и во Европа. Според извори во Белата куќа, државниот секретар Хилари Клинтон денеска ќе најавела и нови санкции против сирискиот режим. Претходно, Обединетите нации соопштија дека сирискиот претседател Башар ал Асад во телефонски разговор му кажал на генералниот секретар Бан ки Мун дека ги запрел воените и полициските операции против демонстрантите. До соопштението дојде по најавите дека високиот комесар за човекови права Нави Пилај на денешниот состанок ќе побарал од Советот за безбедност да покрене обвинување во Меѓународниот кривичен суд против режимот во Сирија.
XS
SM
MD
LG