Достапни линкови

Јапонците вратиле милијарди јени најдени во урнатини


Јапонците вратиле 3,7 милијарди јени што ги нашле во подрачјата зафатени од катастрофалното цунами во март годинава. Претставник на полицијата соопшти дека жители и доброволци се уште во полициските станици носеле паричници што ги нашле под уранатините на погодените подрачја. ,,Ова е вообичаено за Јапонија,, изјавил претставникот наведувајќи дека скоро сите пари им биле вратени на нивните сопственици. Во катастрофата која беше предизвикана од силен земјотрес загинаа над 16 илјади луѓе, а стотици илјади други останаа без своите домови.
XS
SM
MD
LG