Достапни линкови

Шпанците против посетата на Папата, била прескапа


Илјадници шпанци протестираа против посетата на папата Бенедикт Шеснаесети на Шпанија, наведувајќи дека со тоа ќе бидат потрошени многу пари од буџетот во време на економски тешкотии со кои се соочува земјата. За време на протестот дошло до судири со полицијата при што 11 луѓе биле повредени, додека седумина биле приведени. Папата се очекува денеска да пристигне во Мадрид во неколкудневна посета која треба да кулминира со неделна миса по повод Католичкиот светски ден на младите. Од владата велат дека Шпанија може да зароботи од посетата на Папата со оглед на тоа што се очекуваат голем број верници од светот.
XS
SM
MD
LG