Достапни линкови

Повторно судење против Харадинај


Рамуш Харадинај

Рамуш Харадинај

Во Хашкиот трибунал денеска почнува повторното судење против Рамуш Харадинај, Идриз Балај и Лахи Брахимај, поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово. Тие се соочуваат со обвинувања за мачење и убивање затвореници во логорот на ОВК во Јабланица, кај Дечани во 1998 година. По првото судење во април 2008 година Харадинај и Балај беа ослободени од обвинувањата, а Брахимај беше осуден на шест години затвор. Меѓутоа, во јуни лани Жалбениот суд ги укина пресудите бидејќи поради застрашување на сведоците, не биле изнесени сите докази за злосторствата во Јабланица.
XS
SM
MD
LG