Достапни линкови

Бајден: соработката со Кина клучна за светската економија


Џо Бајден, Кси Џинпинг

Џо Бајден, Кси Џинпинг

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска му кажал на човекот за кој се очекува да стане нов кинески лидер дека глобалното економско заздравување почива врз соработката меѓу Соединетите држави и Кина. Бајден во Пекинг имаше разговори со потпретседателот Кси Џинпинг за кој се очекува во идната година да биде наименуван за наследник на претседателот Ху Џинтао. Кинеските медиуми пренесуваат дека Џинпинг му рекол на Бајден дека двете земји имаат се поекстензивни заеднички интереси, но и се поголеми обврски. Кина која е најголем странски гарант на американскиот долг изрази загриженост откако Соединетите држави го загубија врвниот кредитен рејтинг.
XS
SM
MD
LG