Достапни линкови

Сирискиот лидер ги запрел воените операции


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Обединетите нации соопштија дека сирискиот претседател Башар ал Асад во телефонски разговор му кажал на генералниот секретар Бан ки Мун дека ги запрел воените и полициските операции против демонстрантите во земјата. До соопштението дојде по најавите дека високиот комесар за човекови права Нави Пилај, на денешниот состанок зад затворена врата, ќе побарал од Советот за безбедност да покрене обвинување во Меѓународниот кривичен суд против сирискиот режим за извршени злосторства. Обединетите нации вчера соопштија дека повлекуваат од Сирија дел од персоналот на Светската организација. Се проценува дека околу 2 илјади луѓе загинале од почетокот на протестите во март годинава.
XS
SM
MD
LG