Достапни линкови

Советот за безбедност при ООН ќе разговара за Сирија


Шефот на Обединетите нации за човекови права најверојатно ќе побара од Советот за безбедност да покрене постапка против сиријскиот претседател Башар ал Асад во Меѓународниот кривичен суд за наводни злосторства против демонстрантите. Според медиумските извештаи, Комесарот Нави Пилај денеска би требало да го брифира Советот за безбедност за ситуацијата во Сирија на состанок зад затворени врати во Њујорк. Медиумите се повикуваат на изјави на дипломати кои рекле дека Комесарот ќе презентира докази за тоа дека сиријскиот режим ги прекршил одредбите на меѓународниот закон за човекови права.
XS
SM
MD
LG