Достапни линкови

Турската војска во офанзива против курдските бунтовници во Ирак


Турската војска започнала воздушни напади против курдските бунтовници во Ирак, јавија медиумите. Според медиумските извештаи, турски борбени авиони бомбардирале засолништа на курдските бунтовници во ирачкиот планински предел Кандил, како и други области во земјата каде се кријат припадници на Курдистанската работничка партија. Воената операција започна по нападот во средата, кога курдски бунтовници убија осуммина турски војници и селски чувар.
XS
SM
MD
LG