Достапни линкови

logo-print

Европската федерација на новинари регира на отпуштањето на Чаусидис


претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски рабоници, Тамара Чаусидис

претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски рабоници, Тамара Чаусидис

Од Европската федерација на новинари по повод отпуштањето на претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски рабоници, Тамара Чаусидис од ТВ АЛСАТ-М , испратиле писмо до сопственикот Ферик Велија и до премиерот Никола Груевски.
Во писмото од Европската федерација на новинари ја изразуваат загриженоста за ситуацијата во македонските медиуми особено за произволните отпуштања.
„Ние сме силно вознемирени од широката и загрижувачка практика на отпуштања на медиумските работници во Македонија, врз основа на договори потпишани под притисок или во отсуство на каква било соодветна мотивација освен наводна “спогодбена согласност“, стои во писмото.
Во писмото се наведува дека Европската федерација на новинари на тоа гледа како на бесрамно кршење на стандардите на Европската унија и Меѓународната организација на трудот кои се однесуваат на работничките права, а згора на тоа разрешувањето на синдикални лидери заради нивните активности е јасен доказ за дискриминација и заплашување.
XS
SM
MD
LG