Достапни линкови

Ердоган-прво извинување, а потоа подогрување на односите со Израел


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган рече дека се исклучува можноста за подобрување на турско-израелските односи ако Израел не се извини за минатогодишниот напад врз турскиот брод од меѓународната флотила, која носеше помош за Појасот Газа и не им се исплати отштета на семејствата на деветтемина турски активисти, кои загинаа во нападот на израелските командоси.
Израелски официјален претсатвник претходно изјави дека Тел Авив нема да се извини на Турција.
Израелското радио вчера јави дека америкаснкиот државен секретар Хилари Клинтон во телефонскиот разговор со Бенјамин Нетањаху побарала Израел да се извини на Турција.
Претходно, Израел изјави дека е подготвен да изрази жалење за инцидентот на бродот „Мави Мармара“ и да им исплати отшета на семејствата на жртвите, но одбива да се извини за да не ги изложи своите војници на евентуална судска истрага.
XS
SM
MD
LG