Достапни линкови

„Репортери без граници“- Катастрофално лето за македонските медиуми


протест на новинарите

протест на новинарите

Од Организацијата „Репортери без граници“ се многу загрижена за постојаното опаѓање на слободата на медиумите во Македонија од почетокот на оваа година.
Затворањето на три национални весници, oдземањето на дозволата на водечката приватна телевизија и промените во Советот за радиодифузија диригирани од владината контрола направија пресврт во медиумскиот свет кој не е добар за слободата на изразувањето“, се вели во соопштението на „Репортери без граници“
Од организацијата ги осудуваат и реформите кои се прават во Советот за радиодифузија и тоа што преку итна процедура се забрзува целиoт процес преку парламентот.
Од „Репортери без граници“ велат дека промените што се прават се битни и затоа требало да бидат предмет на дебата во медиумите и организациите од граѓанското општество. Исто така реагираат и на тоа како се третираат новинарите кои се синдикални активисти.
XS
SM
MD
LG