Достапни линкови

logo-print

Јушченко сведочеше против Јулија Тимошенко


подржувачите на Тимошенко пред судот во Киев

подржувачите на Тимошенко пред судот во Киев

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јушченко денеска во судот во Киев беше испрашуван како сведок во судскиот процес против поранешната премиерка Јулија Томошнеко. Таа е обвинета дека ја злоупотребила својата должност и профитирала од договорот за гас од Русија, склучен во 2009-та година. Ако се докаже дека е виновна може да помине 10 години во затвор. Таа негира дека е виновна и вели дека процесот против неа е политички монтиран од сегашниот претседател Виктор Јанукович.
Поранешниот претседател Виктор Јушченко денеска рече дека цената на гасот за кој се договорила Тимошенко е премногу висока и тоа може да се објасни, само од политички мотиви.
Тимошенко и Јушченко беа блиски сојузници во 2004 година за време на Портокаловата револуција во Украина, но подоцна се скараа.
Кога Јушченко влегувал во судот, приврзаниците на Тимошенко извикувала „срамота!“ . А, кога излегувал од судот тие го гаѓале со јајца.
XS
SM
MD
LG