Достапни линкови

Санадер доби уште два месеци притвор


поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

На поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска му е продолжен притворот за уште два месеци, јавуваат хрватските медиуми.
Притворот на Санадер е продолжен за да не може на слобода да влијае на сведоците, или да се обиде повторно да избега од земјата.
На одлуката на судот, одбраната може да се жали.
Санадер кој е осомничен за повеќе корупциски афери се наоѓа во затвор од 18 јули, кога во Хрватска беше испорачан од Австрија Но притворот му беше изречен во декември 2010-та кога против него беше покрената истрага.
XS
SM
MD
LG