Достапни линкови

Реформите заборавени


Меѓународните претставници продолжуваат да испраќаат пораки до власта да се посвети на реформите.
Меѓународните претставници продолжуваат да испраќаат пораки до власта да се посвети на реформите.

Користејќи го спорот за името како алиби, владата заборави на спроведувањето на реформите, сметаат експертите.

Континуираното повторување на критиките за владеењето на правната држава, слободата на медиумите, меѓуетничките односи се сигнал дека кај меѓународната заедница расте незадоволството од начинот на кој функционира Владата. Критиките кои деновиве ги повтори заменик помошникот на државниот секретар на Соединетите Држави, Филип
Продавате демократија, но од другата страна таа практично ја кратите со многу непопуларни мерки, сето тоа доведе до зголемување на незадоволството во меѓународната заедница во однос на кандидатот, Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО.
Рикер, уште еднаш потврдуваат дека Владата мора да се посвети на спроведување на внатрешните реформи, оценува домашната стручна јавност.

„Тоа потсетува на приказната со морковот, продавате демократија, но од другата страна таа практично ја кратите со многу непопуларни мерки, сето тоа доведе до зголемување на незадоволството во меѓународната заедница во однос на кандидатот Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО“, изјави поранешниот дипломат Нано Ружин.

И покрај декларативните заложби на македонската влада да станеме дел од Европската унија и НАТО и постојаните убедувања дека се работи во таа насока, експертите сметаат дека Македонија има уште многу работа во поглед на домашните реформи. Она што, посочува професорот Никола Дујоски, успешно го прават нашите соседи, е тоа во што Македонија заостанува.


„Напредувањето на другите треба да значи дека и ние сме блиску до тоа. За жал, политиката која и сега се води во Македонија не води кон решение на овој нели најважен спор за името и не сум сигурен и уверен дека во кратко време тоа ќе се промени. Не само прашањето за името, тоа е изговор на одговорните за неуспехот во евроинтегрирањето, прашањето за внатрешните реформи, тука Македонија заостанува.“

Решавањето на прашањето за името со Грција останува клучно за нашите евроинтеграции, но неговата улога се повеќе се злоупотребува. Името посочува Ружин, стана алиби за низата неуспешни реформи на оваа влада.
Не само прашањето за името, тоа е изговор на одговорните за неуспехот во евроинтегрирањето, прашањето за внатрешните реформи, тука Македонија заостанува.

„Тоа е еден вид тактика бидејќи Груевски настојува да добие многу подобри преговарачки позиции, но исто така името практично стана еден добар изговор за да не се спроведуваат реформските процеси.“

Аналитичарите предупредуваат за влошување на имиџот на земјава пред меѓународната заедница. Во јавноста се појавија информации дека дел од агендата која Македонија треба да ја исполни за нејзиното евроатланско интегрирање ќе биде проширена, но засега овие најави не се официјално потврдени.

Во меѓувреме, меѓународните претставници продолжуваат да испраќаат пораки на охрабрување до надлежните да продолжат со реформите за да ги остварат стратешките приоритети. Во таа насока, Рикер потврди дека Соеднитетите Држави остануваат стратешки партнер на Македонија и оти американската политика кон земјава останува непроменета.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG